Настаните на денот низ фотографии - 25 април 2023
Од Груби до Бајден
5
МАКЕДОНИЈА / САД - Амeриканската амбасадорка во Скопје, Ангела Прајс Агелер е разочарана од работата на Апелациониот суд односно до враќањето на високопрофилните случаи на повторно судење, јавува ТВ Алсат. Таа на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во земјава кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка. Оваа информација ја потврдија за РСЕ од Министерството за правда и најавија дека писмото ќе биде разгледувано деновиве на седница на Влада.
6
СРБИЈА / КОСОВО - Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека отсега Србија во надворешната политика ќе воведе реципроцитет. Ова го изјави откако вчера во Советот на Европа се разгледуваше апликацијата на Косово за членство. Според информациите од Брисел 33 претставници на земјите членки на Советот на Европа, седум биле против, а пет биле воздржани гласаа против приемот на Косово во Советот на Европа.
7
МАКЕДОНИЈА - Денеска почнува процесот на интеграција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА) соопшти портпаролот на МПЦ митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод.
8
МАКЕДОНИЈА - Првиот вицепремиер Артан Груби апсолутно поддржува укинување на недела неработен ден. Тој на настан организиран од Стопанска комора посветен на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка рече дека со законското решение за недела неработен ден затајуваат процеси во државата.