Настаните на денот низ фотографии - 25 април 2023
Од Груби до Бајден
9
САД - Американскиот претседател Џо Бајден официјално објави дека се кандидира за реизбор на следните претседателски избори во 2024 година. Тој во своето три минутно видео обраќање побара од гласачите да му дадат повеќе време да ја „заврши работата“ и да ја остави настрана својата загриженост за продолжување на мандатот на најстариот американски претседател за уште четири години.
10
МАКЕДОНИЈА - Вкупно по 250 милиони евра годишно ќе се одвојуваат за изградбата на Коридорот 8 и 10-д, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби во како што беше најавено месечно излагање во Стопанската комора на настанот именуван како „Бехтел и Енка - можности, предупредувања и договори“.
„Ако се проневери еден денар од народните пари, ние политичарите да скапеме доживотно во затвор“, изјави Груби.
„Ако се проневери еден денар од народните пари, ние политичарите да скапеме доживотно во затвор“, изјави Груби.
11
ЕУ - Земјите од Европската унија во вторникот гласаа за одобрување на опсежни реформи поврзани со пазарот и емисии на јаглерод на Европската унија. Ова е нејзината главна климатска политика, со која се очекува да се зголемат трошоците за загадувањето во Европа во наредните години и побрзо да ги намалат емисиите на CO2.