Настаните на денот низ фотографии - 25 април 2023
Од Груби до Бајден
1
РУСИЈА - Полицијата во рускиот град Саратов на 24 април го приведе поранешниот член на руската платеничка група Вагнер, Азамат Улдаров. До ова дојдет откако тој пред неколку недели јавно изјави дека борците на платеничката група убиле цивили, вклучително и деца, во Украина.
2
ПОЛСКА - На руска тенисерка не ѝ беше дозволено да се качи во авион на полскиот авиопревозник ЛОТ, потврди авиокомпанијата во вторникот. Тенисерката Виталија Диатченко во понеделникот изјави дека не и било дозволено да се качи на летот на ЛОТ во Каиро, а германската авиокомпанија Луфтханза потоа исто така одбила да и продаде билет. Во соопштението испратено преку е-пошта, ЛОТ потврди дека не ѝ дозволил на тенисерката да се качи, наведувајќи ги ограничувањата воведени од Министерството за внатрешни работи на Полска за време на пандемијата ковид-19 и ажурирани во 2022 година по руската инвазија на Украина.
3
СРБИЈА - Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија работи на утврдување на сите факти во врска со видео снимките објавени во медиумите, а се однесуваат на постапките на полициските службеници со мигрантите.
4
МАКЕДОНИЈА - Ако за една недела не се реши барањето за покачување на платите во Државниот испитен центар ќе се доведе во прашање државната матура која треба да ја полагаат средношколците на 27 мај, најавија денеска вработените во Државниот испитен центар кои втор ден штрајкуваат.