Настаните на денот низ фотографии - 12 април 2023
Покани и закани
1
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија објави дека воведува санкции против луѓе блиски до руските олигарси, вклучувајќи ги и членовите на придружбата на Роман Абрамович и Алишер Усманов, кои ги обвинува дека им помагале да го сокријат својот имот. Меѓу засегнатите од новите британски санкции се Деметрис Јоанидес и Христодулос Василијадес, двајца кипарски државјани, јавува агенцијата Франс прес.
2
КОСОВО - Мисијата на КФОР го осуди инцидентот на мостот Бистрица во општина Звечан, кога од огнено оружје беше рането лице од српска националност, Србин, и побара од институциите на Косово целосна истрага за инцидентот.
3
САД - Не можеме да коментираме за наводни доверливи информации, но според нашите сознанија Србија не и продава оружје на Украина, велат за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) од Амбасадата на САД во Белград.
4
СИРИЈА - Сирија повторно ќе ја отвори својата амбасада во Тунис откако северноафриканската земја објави дека именува нов амбасадор во Дамаск, објавија сириските државни медиуми во средата, 12 април.