Настаните на денот низ фотографии - 12 април 2023
Покани и закани
5
БУГАРИЈА - Во последните години најмалку десет пати го поканував претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски да ја посети Бугарија, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев на маргините од конститутивната седница на новоизбраниот состав на Народното собрание, коментирајќи ја синоќешната изјава на шефот на македонската држава дека во последните две години немал ниту еден конструктивен разговор со претседателот на Бугарија.
6
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја осуди Русија по објавувањето на видео на социјалните мрежи на кое наводно се гледа обезглавувањето на украински воен заробеник. Кремљ побара верификација на снимката.
7
МАКЕДОНИЈА - Северна Македонија активно работи за јакнење на отпорноста кон дезинформациите, превенирање и намалување на штетните влијанија, вклучувајќи ја отпорноста на кампањите на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат антизападно расположение кај македонските граѓани, и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции.
Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент Џејмс Рубин.
Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент Џејмс Рубин.
8
СРБИЈА - Србија, една од ретките земји во Европа која одби да ја санкционира Русија поради нејзината инвазија врз Украина, се согласила да испорача оружје на Киев или веќе го испратила, стои во еден од доверливите документи на Пентагон, објави агенцијата Ројтерс на 12 април.