Настаните на денот низ фотографии - 24 март 2023
Контраофанзива
5
ЦРНА ГОРА - Црна Гора го потврди идентитетот на До Квон и Хон Чанд Јун, кои на 23 март беа уапсени во земјата, соопшти црногорската полиција. До Квон и хон Чанд Јон се задржани по сослушувањето во обвинителството, а полицијата најави дека полицијата против двајцата ќе поднесе кривична пријава за фалсификување исправа. Тие беа уапсени на аеродромот во Подгорица поради фалсификување патна исправа. На пасошката контрола на летот за Дубаи, тие употребиле фалсификувани костарикански пасоши.
6
ФРАНЦИЈА - Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш на службените компјутери и телефони. Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибербезбедноста и заштитата на податоците на јавните службеници и администрацијата“.
7
КИНА - Кина денеска се закани со „сериозни последици“ откако американската морнарица втор ден кружи со разурнувач околу спорните Парацелски Острови во Јужното Кинеско Море.
Пекинг го оцени тоа како кршење на неговиот суверенитет и безбедноста. Предупредувањето доаѓа во време на растечки тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави (САД) во регионот на Јужното Кинеско Море, стратешка пловна рута на која Пекинг смета дека скоро целосно полага право.
Пекинг го оцени тоа како кршење на неговиот суверенитет и безбедноста. Предупредувањето доаѓа во време на растечки тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави (САД) во регионот на Јужното Кинеско Море, стратешка пловна рута на која Пекинг смета дека скоро целосно полага право.
8
МАКЕДОНИЈА - Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм денеска се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи незадоволство поради своите месечни примања. Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.