Настаните на денот низ фотографии - 24 март 2023
Контраофанзива
9
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, коишто Бугарија ги нема спроведено до денес во однос на почитувањето на правата на здружување на Македонците.
10
МАКЕДОНИЈА - Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од ковид-19, покажуваат податоците на Евростат.
Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година.
Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година.
11
УКРАИНА - Командантот на украинските копнени сили, Олександр Сирски изјави дека неговите сили наскоро ќе започнат контраофанзива. Тој додаде дека членовите на руската паравоена група Вагнер, кои биле на фронтот заедно со руските сили во Украина, „им недостасува сила“. Ќе ја искористиме оваа можност многу брзо, како што направивме претходно во близина на Киев, Харков и Купјанск, посочи Сирски.