Настаните на денот низ фотографии - 15 март 2023
Дронови, хакери, банкроти...
9
БУГАРИЈА - На Бугарија и се заканува банкрот и постои ризик за стабилноста на бугарската валута - лев во однос на еврото. Ова го соопшти денеска бугарското министерство за финансии. Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот кој денеска беше објавен посочува дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време.
10
МАКЕДОНИЈА - Ќе ги следиме и цените на овошјето и зеленчукот и ако трговците, но и производителите сами не реагираат, пораката од Владата е јасно дадена дека граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука што е во нивни интерес, одговори денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на новинарско прашање. Тој посочи дека ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Битиќи вели дека како што Владата презела мерки за основните прехранбени производи, леб, тестенини, млечни производи истото ќе го направи и за низа на други продукти.
11
ПАКИСТАН - Нови судири се случија меѓу пакистанската полиција и приврзаниците на поранешниот пакистански лидер Имран Кан додека безбедносните сили веќе втор ден се обидуваа да го привеадат Кан во неговата резиденција во североисточниот град Лахоре. Над 50 полицајци и десетина демонстранти се повредени при судирите кои од започнаа вчера и се уште траат. Голем дел од повредените се примени во болница на лекување, јавуваат локалните медиуми.
12
БУГАРИЈА - Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека за доброто на европската иднина на Северна Македонија неопходно е билатералните односи на земјата со Бугарија да бидат „ослободени од идеологиите на тоталитаризмот, што би помогнало за вистински и целосен дијалог“. Оваа изјава доаѓа како одговор на ставот на шефот на државата Стево Пендаровски кој во неделата на одбележувањето на депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“ за време на Втората светска војна, побара извинување за улогата на Софија за депортацијата.