Настаните на денот низ фотографии - 15 март 2023
Дронови, хакери, банкроти...

1
МАКЕДОНИЈА - Ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка и со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него, а дали ќе имаме двотретинско мнозинство е „прашање од милион долари“ на кое во моментов немам одговор, изјави денеска од Брисел вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

2
САД - Се чини дека руските хакери подготвуваат нов бран сајбер напади против Украина, вклучително и закани во стилот на „ransomware“ за организациите кои ги опслужуваат линиите за снабдување на Украина, се вели во извештајот од истражувањето на Мајкрософт кој беше објавен денеска. Извештајот, чиј автор е тимот за истражување и анализа на сајбер безбедноста на технолошкиот гигант, прикажува низа нови откритија за тоа како руските хакери дејствувале за време на конфликтот во Украина и што може да следи понатаму, јавува новинската агенција Ројтерс.

3
ФИНСКА - Финскиот претседател Саули Нинисто на 15 март објави дека Турција донела одлука за ратификација на кандидатурата на Финска за НАТО. Тој изјави дека ќе го посети Истанбул неделава за да ја слушне одлуката од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам одговорот кога ќе ја соопштат одлуката. Се разбира, ја прифатив поканата и ќе одам неделава “, изјави Нинисто.
„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам одговорот кога ќе ја соопштат одлуката. Се разбира, ја прифатив поканата и ќе одам неделава “, изјави Нинисто.

4
СРБИЈА / САД - Српскиот претседател Александар Вучиќ на 15 март на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека имал „отворен и фер разговор“ со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на средба во Белград.
„Верувам во натамошно подобрување на односите меѓу Србија и САД“, напиша Вучиќ.
„Верувам во натамошно подобрување на односите меѓу Србија и САД“, напиша Вучиќ.