Настаните на денот низ фотографии - 15 март 2023
Дронови, хакери, банкроти...
13
ФРАНЦИЈА - Во Франција за денеска се најавени повторно масовни штрајкови за време на седница на на која ќе се усогласува текстот за новата пензиска реформа меѓу пратениците и сенаторите, пред утре таа да се испрати на гласање во двата дома на Францускиот Парламент. Бидејќи законот влегува во завршна фаза, синдикатите најавија нов обид да извршат притисок врз владата и пратениците да го отфрлат предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
14
АВГАНИСТАН - Најмалку 10 Аганистанци загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на 15 март во северната авганистанска провинција Тахар. Станува збор за вработени рудари кои патувале кон работа во рудникот за ископ на злато.
Локалната полиција соопшти дека пикапот што ги превезувал работниците до рудникот излетал од патот и се превртел во областа Анџир во областа Чах Аб. Според медицинските извештаи дел од повредените се во критична здравствена состојба.
Локалната полиција соопшти дека пикапот што ги превезувал работниците до рудникот излетал од патот и се превртел во областа Анџир во областа Чах Аб. Според медицинските извештаи дел од повредените се во критична здравствена состојба.
15
УКРАИНА - Русија продолжува со засилениот интезитет во нападите врз Бахмуд и натаму цели кон кон цивилни цели, предизвикувајќи жртви, соопшти украинската војска на 15 март. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање најави дека украинската војска ќе продолжи да го брани градот во источниот регион Доњецк и ќе му нанесе максимални загуби на непријателот.
16
САД - Американската војска морала да собори сопствен дрон во Црното Море поради штетата која ја претрпел кога го пресретнале руски авиони, соопшти бригадниот генерал Патрик Рајдер на денешниот брифинг во Пентагон. Русија ги отфрли таквите обвинувања, тврдејќи дека нивните борбени авиони не дошле во контакт со американскиот дрон, туку дека беспилотното летало се урнало поради „остар маневар“.