Настаните на денот низ фотографии - 15 март 2023
Дронови, хакери, банкроти...

5
ИРАН - Иранските власти предложија нови мерки за воведување на задолжително носење хиџаб во земјата. Мерките вклучуваат, меѓу другото, употреба на надзорни камери за идентификување и казнување на оние жени кои не го почитуваат кодот за носење на хиџаб. На јавната седница на иранскиот парламент на 14 март, Бијан Нобавех, член на Комитетот за култура, откри дека телото предложило седум нови мерки поврзани со хиџабот, кои биле целосно поддржани од раководството и биле дискутирани во Советот за национална безбедност.

6
БИХ / САД - Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ Осман Мехмедагиќ, во средата на 15 март е ставен на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави. Оваа информација е официјално објавена на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. На „црната листа“ е ставен и Драган Станковиќ, вршител на должноста директор, а потоа и директор на Управата за геодетски и имотно правни работи на Република Српска (РУГИП), еден од двата ентитета во БиХ. Третото лице кое е санкционирано од САД е Един Гачанин, за кој се вели дека е „еден од најголемите светски шверцери на дрога“.

7
РУСИЈА / БУГАРИЈА - Поранешен бугарски пратеник обвинет за шпионирање за Русија и санкциониран од САД за корупција е избран за шеф на Меѓународното движење на русофилите (МДР) - група поддржана од руското Министерство за надворешни работи, која наводно собира членови од 40 земји. Николај Малинов, кој е и водач на проруската лоби група во Бугарија позната како Национално движење на русофилите и e кандидат на престојните предвремени парламентарни избори, беше едногласно избран за претседател на МДР на 14 март на основачкиот конгрес на движењето во Москва.

8
МАКЕДОНИЈА - По објавата на молдавските медиуми за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија која ја предводеше македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ од македонското МНР велат декапри посетата биле предвидени посебни безбедносни протоколи кои се во надлежност на земјата домаќин. Во соопштението од МНР е наведено дека реализираните посети на Украина, Молдавија, како и предвидените теренски посети во другите таканаречени „загрозени подрачја“ се реализираат со јасна назнака дека се тоа посети на делегацијата на ОБСЕ, што во меѓународните односи се сметаат за посети со зголемен ризик и внимателност.