Настаните на денот низ фотографии - 20 февруари 2023
Плати, струја, муниција...

5
ЕУ / ИРАН - Европската унија ги замрзна средствата и објави визна забрана за иранскиот министер за образование Јусуф Нури и министерот за култура Мухамед Мехди Есмаили како дел од петтата рунда санкции против Иран.

6
ИРАН - Нови антивладини протести беа организирани во неколку населби во Техеран, при што демонстрантите продолжија да покажуваат пркос поради смртта на Махса Амини која беше приведена поради наводно неправилно носење хиџаб.

7
САД - Вашингтон силно го поддржува брзиот пристап на Шведска и Финска во НАТО, со оглед на чекорите што тие веќе ги презедоа, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на посетата на Турција.

8
МАКЕДОНИЈА - Висок претставник на Вселенската патријаршија на 20 февруари во Бигорскиот манастир во Македонија одржа заедничка литургија со претставниците на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).