Настаните на денот низ фотографии - 20 февруари 2023
Плати, струја, муниција...

1
РУСИЈА - Односите меѓу Русија и Молдавија се многу напнати, соопшти Кремљ обвинувајќи ги молдавските лидери дека спроведуваат антируска агенда, седум дена откако Кишињев објави дека спречил руски обид за пуч.

2
КИНА - Највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, кој оваа недела треба да ја посети Русија на една година од нејзината инвазија на Украина, на 20 февруари повика на преговори и мир за доброто на светот.

3
ТУРЦИЈА - Земјотрес со јачина од 6,2 до 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри го погоди турско-сирискиот пограничен регион на 20 февруари, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

4
МАКЕДОНИЈА - Почна исплатата на платата на здравствените работници, соопшти денеска Фондот за здравствено осигурување. Оттаму наведуваат дела исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.