Настаните на денот низ фотографии - 20 февруари 2023
Плати, струја, муниција...
9
БУГАРИЈА - Бугарската полиција на 19 февруари пронајде минибус со 43 мигранти во близина на градот Ихтиман, 55 километри југоисточно од главниот град Софија, јавува бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.
10
МАКЕДОНИЈА - Сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели Марко Бислимоски во денешното гостување на ТВ24. Таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги.
11
МАКЕДОНИЈА - На меѓународниот аеродром во Скопје се спроведуваат антитерористички проверки по добиената пријава за испратена закана за поставена бомба, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Скопскиот аеродром и претходно беше цел на дојави за поставени бомби, што подоцна се утврди дека се лажни. Претходно денеска полицијата соопшти дека се спроведуваат безбедносни проверки во осум училишта во Скопје и во две во Прилеп, откако утрово на нивните електронски адреси пристигнале закани за поставена експлозивна направа.
12
ЕУ - Шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел ја повика Унијата да го забрза производството и испораката на муниција за Украина, велејќи дека исходот од војната со Русија може да биде одлучен од тоа.
„Ова е најитното прашање“, рече денеска Борел при пристигнувањето на состанокот на министри за надворешни работи од ЕУ во Брисел.
„Ова е најитното прашање“, рече денеска Борел при пристигнувањето на состанокот на министри за надворешни работи од ЕУ во Брисел.