Настаните на денот низ фотографии - 10 февруари 2023
Од Африм Гаши до дер Лајен

5
БУГАРИЈА - Велика Британија и Соединетите Држави денеска објавија санкции за осум бугарски политичари кои служеа како членови на парламентот и извршуваа највисоки владини позиции во координирана акција насочена кон корупцијата во земјите-членки на НАТО и ЕУ. Санкциите наметнати од Британија се насочени кон најбогатиот човек во Бугарија, Васил Божков, поранешниот пратеник Дељан Пеевски и поранешниот функционер за национална безбедност и член на одборот на најголемата бугарска државна енергетска компанија Илко Жељазков.

6
МАКЕДОНИЈА - „Алтернатива“ во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово.

7
РУСИЈА - Русија планира да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно во март како одговор на западните ограничувања на цената на нејзината нафта поради војната во Украина, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесуваат руските медиуми.

8
ФРАНЦИЈА - Борбените авиони што ги побара Украина „во ниту еден случај“ не можат да бидат испорачани „во наредните недели“, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон, по самитот на ЕУ во Брисел на кој присуствуваше и украинскиот претседател, Володомир Зеленски.
„Не исклучувам ништо, но тоа не одговара на моменталните потреби“, рече Макрон.
„Не исклучувам ништо, но тоа не одговара на моменталните потреби“, рече Макрон.