Настаните на денот низ фотографии - 10 февруари 2023
Од Африм Гаши до дер Лајен

9
ЕУ - Европскиот совет го поздрави напредокот што го постигнаа земјите од Западен Балкан во усогласувањето на визната политика на Европската унија и ги повика брзо да преземат понатамошни чекори, наведувајќи дека ова е итно и од клучна важност за управување со миграцијата и добро функционирање и одржливост на безвизните режими.

10
МАКЕДОНИЈА - За три години македонските граѓани потрошиле речиси 20 милиони евра за да направат ПЦР тестови за во време на пандемијата, утврдил државниот завод за ревизија при „чешлањето “ на сметките на Фондот за здравство. Ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитост на финансиските извештаи на Фондот за 2021 година. Клучните системски слабости се не ажурирана Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како неодржливост на 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи поради реализирани помалку услуги за договорените пари. Тоа значи дека само 10 болници во земјава биле финансиски одржливи.

11
ТУРЦИЈА - Експертите за геологија и инженерство предупредуваа на слабо спроведување долго пред разорниот земјотрес оваа недела, кој срамни со земја илјадници згради и уби повеќе од 21.000 луѓе во Турција и Сирија.
„Ова е катастрофа предизвикана од лоша градба, а не од земјотрес“, изјави за Асошиејтед пред (АП), Дејвид Александар, професор по планирање вонредни состојби на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
„Ова е катастрофа предизвикана од лоша градба, а не од земјотрес“, изјави за Асошиејтед пред (АП), Дејвид Александар, професор по планирање вонредни состојби на Универзитетскиот колеџ во Лондон.