Настаните на денот низ фотографии - 10 февруари 2023
Од Африм Гаши до дер Лајен

1
ЗАМБИЈА - Осумте хрватски државјани се изјаснија за невини по новите обвиненија за трговија со деца пред судот во Замбија, објави АП. Четирите двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно поради сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго. Посвоените деца им биле одземени и преземени од социјалните служби на Замбија, а оттогаш ниту службеникот на хрватската амбасада ниту посвоителите не смеат да ги посетат.

2
МАКЕДОНИЈА - Мора да се фокусираме да надминеме секакви евентуални бирократски или други препреки за да се најде трајно решение за набавка на лекови за луѓето со ретки заболувања, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на ТВ Сител.

3
САД - Неидентификуван објект на голема надморска височина е соборен над Алјаска, соопшти Белата куќа. Портпаролот Џон Кирби рече дека објектот во тоа време бил над ретко населена област.
„Претседателот Џо Бајден донесе одлука да го собори објектот, кој беше од непознато потекло“, рече Кирби.
„Претседателот Џо Бајден донесе одлука да го собори објектот, кој беше од непознато потекло“, рече Кирби.

4
ТУРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Македонските тимови на Дирекцијата за заштита и спасување успеале да извлечат 38-годишна жена под урнатините во Турција, соопшти попладнево ДЗС на својот Фејсбук профил. Од ДЗР објавија и видео од дел од спасувачката акција. Тимовите во состав од 39 обучени и опремени спасувачи пред три дена тргнаа кон Турција каде помагаат во спасување на преживеани од под урнатините по разорните земјотреси што ја погодија земјата.