Настаните на денот низ фотографии - 7 февруари 2023
Од Благоевград до Газиантеп
5
МАКЕДОНИЈА - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил најави дека сите полициски службеници кои во саботата се погрижиле за достојно чествување на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе бидат наградени со 10 проценти од основната компонента на платата на работникот.
6
ЦРНА ГОРА / КОСОВО - „Ги разбираме амбициите на Косово да стане членка на Советот на Европа, да добие статус на кандидат за Европската унија и тоа силно го поддржуваме“, изјави денеска претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ по средбата со претседателката на Косово Вјоса Османи.
7
МАКЕДОНИЈА - Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека се финализираат преговорите за вклучување на партијата во Владата.
„Ние сме на привршување и можам да кажам дека е постигнат голем дел од договорот, верувам дека денеска или утре договорот дефинитивно ќе биде финализиран и потоа ќе го објавиме јавно, секако и Владата и Алијанса за Албанци“, изјави Таравари.
„Ние сме на привршување и можам да кажам дека е постигнат голем дел од договорот, верувам дека денеска или утре договорот дефинитивно ќе биде финализиран и потоа ќе го објавиме јавно, секако и Владата и Алијанса за Албанци“, изјави Таравари.
8
РУСИЈА - Русија побара од амбасадата на САД во Москва да престане со ширење на она што Москва го смета за лажни вести во врска со нејзината воена операција во Украина и се закани дека ќе ги протера американските дипломати, објави денеска новинската агенција ТАСС. Цитирајќи висок извор од руското Министерство за надворешни работи, ТАСС соопшти дека до амбасадата на САД во Москва била доставена официјална нота во која се предупредува дека американските дипломати вклучени во, како што се наведува, „субверзивни активности“ ќе бидат протерани.