Настаните на денот низ фотографии - 7 февруари 2023
Од Благоевград до Газиантеп
9
БУГАРИЈА - Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство. Пендиков по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија.
10
ТУРЦИЈА - Околу 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од земјотресите што ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), ветувајќи долгорочна поддршка. „Мапите на локацијата на земјотресот покажуваат дека 23 милиони луѓе се потенцијално загрозени “, рече претставникот на СЗО Аделхајд Маршанг на прес-конференција. Во серија земјотреси во Турција и Сирија загинаа повеќе од 5.000 луѓе, според новиот официјален биланс на загинати, додека спасувачките тимови и денеска се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините.