Настаните на денот низ фотографии - 7 февруари 2023
Од Благоевград до Газиантеп
1
МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Неколку лица се приведени за оштетувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Благоевград, велат од МВР за РСЕ, откако, како што додаваат оттаму, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера покренал иницијатива до неговиот бугарски колега Иван Демерџиев за расчистување на случајот.
2
РУСИЈА - Најмалку пет лица загинаа денеска во експлозија на гас во зграда на пет ката во градот Јефремов, кој се наоѓа јужно од руската метропола Москва, соопштија локалните власти на регионот.
„Досега се спасени седум лица, за жал пет лица загинаа“, информираа од итната служба и оттаму додадоа дека спасувачките тимови продолжуваат да бараат преживеани или тела на местото на настанот.
„Досега се спасени седум лица, за жал пет лица загинаа“, информираа од итната служба и оттаму додадоа дека спасувачките тимови продолжуваат да бараат преживеани или тела на местото на настанот.
3
УКРАИНА - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус кој беше во ненадејна посета на Киев најави денеска дека Украина ќе добие повеќе од 100 борбени тенкови од постариот тип Леопард 1 од неколку европски земји.
„Бројот на тенкови е доволен за опремување на најмалку три баталјони“, рече Писториус без да ги именува земјите освен Германија кои ќе ги испратат тенковите Леопард 1.
„Бројот на тенкови е доволен за опремување на најмалку три баталјони“, рече Писториус без да ги именува земјите освен Германија кои ќе ги испратат тенковите Леопард 1.
4
ЕУ - Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел оцени дека Русија води агресивна војна на два фронта: на бојното поле и на информативниот простор и „се обидува да ги освои срцата и умовите на луѓето“.