Настаните на денот низ фотографии - 24 јануари 2023
Тенкови, политика, протести...
![ГЕРМАНИЈА - Германија одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина за да помогне во борбата против руската инвазија и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат истото, додека САД би можеле да снабдуваат тенкови „Абрамс“, објави Ројтерс повикувајќи се на извори запознаени со темата. Портпаролот на германската влада и министерствата за надворешни работи и одбрана во Берлин одбиja да коментираат.](https://gdb.rferl.org/069c0000-0aff-0242-0b81-08dafe3a7ff8_w1024_q10_s.jpg)
1
ГЕРМАНИЈА - Германија одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина за да помогне во борбата против руската инвазија и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат истото, додека САД би можеле да снабдуваат тенкови „Абрамс“, објави Ројтерс повикувајќи се на извори запознаени со темата. Портпаролот на германската влада и министерствата за надворешни работи и одбрана во Берлин одбиja да коментираат.
![МАКЕДОНИЈА - Новоименуваниот в.д директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), дипломираниот детектив, Никола Алексов, ги сменил бравите од сметководството и архивата во објектот, потврди вечерва Маргарита Арсова, програмски уредник во МКЦ. „Ова кај нас вработените создава и сомнеж и несигурност. Зошто би се менувале бравите? За да влезат вработените затвора и отвара тој и тоа ќе трае додека трае ревизијата на работењето од градот, според она како што биле известени вработените“, вели Арсова.](https://gdb.rferl.org/08530000-0a00-0242-50da-08daf95c8193_w1024_q10_s.jpg)
2
МАКЕДОНИЈА - Новоименуваниот в.д директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), дипломираниот детектив, Никола Алексов, ги сменил бравите од сметководството и архивата во објектот, потврди вечерва Маргарита Арсова, програмски уредник во МКЦ.
„Ова кај нас вработените создава и сомнеж и несигурност. Зошто би се менувале бравите? За да влезат вработените затвора и отвара тој и тоа ќе трае додека трае ревизијата на работењето од градот, според она како што биле известени вработените“, вели Арсова.
„Ова кај нас вработените создава и сомнеж и несигурност. Зошто би се менувале бравите? За да влезат вработените затвора и отвара тој и тоа ќе трае додека трае ревизијата на работењето од градот, според она како што биле известени вработените“, вели Арсова.
![БУГАРИЈА - Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2 април, изјави денеска во Софија бугарскиот претседател Румен Радев. Тој претходно на 24 јануари го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).](https://gdb.rferl.org/08530000-0a00-0242-f856-08daf872009e_w1024_q10_s.jpeg)
3
БУГАРИЈА - Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2 април, изјави денеска во Софија бугарскиот претседател Румен Радев.
Тој претходно на 24 јануари го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).
Тој претходно на 24 јануари го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).
![САД / СРБИЈА - Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека внимателно го слушал говорот на српскиот претседал Александар Вучиќ, кој како што наведе, го изложил планот и концептот за тоа како многу комплициран проблем како односите од Србија и Косово, да се “доведе до решение.“](https://gdb.rferl.org/b67627d6-c20b-4508-8dd8-78fbf5d9815a_w1024_q10_s.jpg)
4
САД / СРБИЈА - Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека внимателно го слушал говорот на српскиот претседал Александар Вучиќ, кој како што наведе, го изложил планот и концептот за тоа како многу комплициран проблем како односите од Србија и Косово, да се “доведе до решение.“