Настаните на денот низ фотографии - 9 август 2022
Притворени, затворени, отворени...
![МАКЕДОНИЈА - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја проширило истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири за уште еден договор за консултантски услуги.](https://gdb.rferl.org/a321e6a7-6a62-4e16-936f-9297a24f6ecc_w1024_q10_s.jpg)
1
МАКЕДОНИЈА - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја проширило истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири за уште еден договор за консултантски услуги.
![КОСОВО - Косовскиот премиер, Албин Курти денеска во неговиот кабинет остварил средба со шефот на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томас Шиноги и амбасадорите на петте највлијателни западни држави кои имаат дипломатски претставништва во Косово- САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција.](https://gdb.rferl.org/051e0000-0aff-0242-ba67-08da18aacce9_w1024_q10_s.jpg)
2
КОСОВО - Косовскиот премиер, Албин Курти денеска во неговиот кабинет остварил средба со шефот на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томас Шиноги и амбасадорите на петте највлијателни западни држави кои имаат дипломатски претставништва во Косово- САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција.
![ЕУ - ЕУ соопшти дека САД и Иран најверојатно ќе одговорат „многу брзо“ на „конечниот текст“ кој има за цел да го оживее нуклеарен договор меѓу Техеран и светските сили. Шефот за надворешна политика на ЕУ и координатор за преговори, Жозеп Борел рече дека нацртот од 25 страници бил доставен до главните градови за да се донесат одлуки за негово прифаќање.](https://gdb.rferl.org/a84e3469-81e5-4902-9fc7-1b70b385cdf2_w1024_q10_s.jpg)
3
ЕУ - ЕУ соопшти дека САД и Иран најверојатно ќе одговорат „многу брзо“ на „конечниот текст“ кој има за цел да го оживее нуклеарен договор меѓу Техеран и светските сили. Шефот за надворешна политика на ЕУ и координатор за преговори, Жозеп Борел рече дека нацртот од 25 страници бил доставен до главните градови за да се донесат одлуки за негово прифаќање.
![РУСИЈА - Руската компанија Транснефт соопшти дека Украина од 4 август го прекинала протокот на руска нафта во три европски земји, бидејќи исплатата за транзитот не може да се обработи поради санкциите. Според компанијата, ситуацијата влијаела на испораките во Чешка, Унгарија и Словачка.](https://gdb.rferl.org/b4c498a5-f019-42b1-b350-1da203969084_w1024_q10_s.png)
4
РУСИЈА - Руската компанија Транснефт соопшти дека Украина од 4 август го прекинала протокот на руска нафта во три европски земји, бидејќи исплатата за транзитот не може да се обработи поради санкциите. Според компанијата, ситуацијата влијаела на испораките во Чешка, Унгарија и Словачка.