Достапни линкови

Будност во Македонија по тензиите на Косово


Војници на НАТО во Косово патролираат покрај патната барикада поставена од етничките Срби во близина на градот Зубин Поток на 1 август 2022 година.
Војници на НАТО во Косово патролираат покрај патната барикада поставена од етничките Срби во близина на градот Зубин Поток на 1 август 2022 година.

Tензиите во Косово се смируваат, па македонските власти оценуваат дека засега нема простор за загриженост дека случувањата може да се одразат на безбедноста на земјава. Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов не очекува да дојде до поширок конфликт, туку сè ќе остане на вербални препувањата меѓу Косово и Србија.

Државниот врв внимателно следи што се случува во соседно Косово и како тоа ќе влијание на безбедносната состојба во Македонија. Сега ситуацијата во Косово е смирена, откако тамошната влада ја одложи одлуката за документите и за регистарските таблички за возилата на Србите кои живеат на северот на Косово.

„Претседателот Пендаровски редовно ги следи состојбите на Косово како наш сосед. Поконкретна проценка за тоа како настаните во Косово ќе влијаат на безбедносната состојба во земјава ќе може да се даде согласно натамошниот тек на настаните имајќи предвид дека Владата на Косово реши да ја одложи примената на мерките за еден месец“, велат за РСЕ од Кабинетот на претседателот.

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов проценува дека нема да дојде до поширок конфликт, оти како што вели, САД и НАТО со нивното влијание ќе се трудат тоа да се избегне.

„Тука е УНМИК, тука се силите на НАТО, па ако се вмешаат тие би бил конфликт од пошироки размери, не само меѓу Косово и Србија, тука можно е да се вклучи Албанија и други балкански држави, така што мислам дека ќе се превенира. И таа воена реторика што ја промовираат Курти и Вучиќ од друга страна мислам дека ќе заврши на таа вербална реторика и нема да има некои пошироки последици“, вели тој.

Трајанов вели дека ние како државата треба да следиме што се случува.

„Нашите служби да соберат информации, колку што можат поавтентични информации за сè што се подготвува и евентуално да бидеме поподготвени ако дојде до ескалација на состојбите, но лично јас не верувам дека ќе дојде до тоа“, вели поранешниот министер за внатрешни работи.

НАТО во соопштение на 31 јули соопшти дека силите на Алијансата на Косово (КФОР) се подготвени да интервенираат доколку биде загрозена стабилноста во северните општини на Косово.

Почна отстранувањето на барикадите на северот на Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

„Вкупната безбедносна ситуација во северните општини на Косово е напната. Мисијата КФОР предводена од НАТО внимателно ја следи и е подготвена да интервенира доколку е загрозена стабилноста, во согласност со нејзиниот мандат, кој произлегува од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година“, се вели во соопштението.

Косовската влада најави дека од денеска ќе почне да им издава документи за влез -излез на Србите коишто влегуваат во Косово, исто како што косовските државјани добиваат на влез во Србија. Од денеска исто така требаше да почне замената на српските регистарски таблички, со кои возат косовските Срби, со косовски таблички. Незадоволни од одлуката, Србите ги блокираа патиштата во северно Косово, а беа затворени граничните премини Брњак и Јариње. По средбата на косовскиот претседател Албин Курти и претседателката Вјоса Османи со американскиот амбасадор во Приштина, одлуката беше одложена за 30 дена. Србите денеска ги отстрануваат барикадите.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG