Достапни линкови

Вести

Официјална Софија: почнува нова страница во односите меѓу двете држави

Бугарската Влада во писмена декларација по повод потпишувањето на билатералниот протокол по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година потенцира дека со тоа завршил еден тежок процес на преговори, во кои двете Влади покажале храброст и политичка волја за надминување на несогласувањата. Со таа одлука, како што се наведува, целосно се заштитуваат правата на Бугарите во Северна Македонија и бугарскиот национален интерес. „Имено затоа тоа доби максимално широка поддршка во Народното собрание на Бугарија, вклучувајќи ја и опозицијата во него, што е позитивна оценка на напорите на бугарската Влада и за дадените гаранции за интересите на Бугарија“, се наведува во декларацијата.

Османи - Протоколот е базиран на реципроцитет

Во документот се наведува дека почнува нова страница во односите меѓу двете земји и народи, кои ќе ги постави основите за взаемна доверба и почитување, ќе ги зајакне врските во сите области и уште повеќе ќе ги зближи луѓето од двете страни на границата. Бугарската Влада очекува да продолжи дијалогот, кој беше активиран на почетокот на 2022 година во областите како економија, инфраструктура, енергетика, култура, образование и друго. Граѓаните на Бугарија и Северна Македонија, се вели во документот, ќе се запознаат подобро, кога меѓу нив има патишта со кои се развива трговијата, се разменуваат културни настани.

„Историјата на историчарите во некој паралелен универзум“ - вие коментирате

„Без граници меѓу нас, но со почит едни кон други – тоа е европски начин да се развиваме заедно. Немаме излузија дека со тоа сите проблеми меѓу двете држави се решени. Но ние веруваме дека веќе имаме јасна основа, изградена врз европски вредности и принципи, врз основа на кои ќе ги решаваме меѓусебните прашања, се нагласува во декларацијата. Истовремено со потпишувањето на протоколот и по спроведувањето на соодветните уставни измени, се вели во декларацијата, се отвора патот на Северна Македонија кон преговорите за членство во ЕУ. Во документот се нагласува дека Бугарија отсекогаш била и ќе продолжи да биде меѓу најголемите поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ. Бугарија им се заблагодарува на сите нејзини европски партнери, кои и укажаа доверба, како и дека демонстрирале разбирање на бугарската позиција и примената на декларираните принципи во пракса, се додава во декларацијата.

види ги сите денешни вести

Баербок во ненајавена посета на Киев

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бaербок
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бaербок

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бaербок пристигна изутринава во Киев и повика за поголема меѓународна поддршка за заштита на небото на Украина од руските воздушни напади, јави ДПА.

„За да се заштити Украина од руски ракети и беспилотни летала, итно и треба засилена воздушна одбрана“, рече таа на почетокот на нејзината седма посета на Украина по избивањето на сеопфатна војна во февруари 2022 година.

Нејзиното патување не беше најавено од безбедносни причини.

Бaербок рече дека сојузниците на Киев мора да ги „здружат силите“ заради Украина и да го спречат рускиот претседател Владимир Путин да испрати војници до „нашите граници“.

Таа истакна дека иницијативата предводена од Германија, чија цел е зајакнување на воздушната одбрана на Украина, собрала речиси една милијарда евра (една милијарда долари).

Во април, германската влада објави дека веднаш ќе и го испрати на Украина противвоздушниот одбранбен систем „Патриот“ што украинскиот претседател Володимир Зеленски го побара од западните сојузници.

Украинската армија во последните недели беше под голем притисок поради новата руска офанзива во областа Харкив. Киевските војници исто така се соочуваат со недостиг на муниција.

Русија тврди дека ја презела контролата врз голем број населени места за време на оваа офанзива.

Стејт департментот разочаран од полициската акција на северот на Косово

илустрација
илустрација

Американскиот Стејт департмент во вторник (21 мај) објави дека е разочаран што косовската полиција презела мерки во финансиските канцеларии на северот на Косово.

Во одговорот за Радио Слободна Европа, Стејт департментот додава дека акцијата не била координирана со меѓународните партнери и дека тензиите ескалираат.

„Ја повикуваме Владата на Косово да се врати на конструктивен ангажман во дијалогот со посредство на Европската Унија како соодветен канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да одговори на основните потреби на сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и оние на српското малцинство, негативно погодени од неодамнешните промени во регулативата за валутата“, се вели во одговорот од Стејт департменот.

Според Стејт департментот, оваа акција ја поткопува перцепцијата за добрата волја на Косово за решавање на отворените прашања со Србија преку дијалог со посредство на ЕУ.

Властите во Косово спроведоа полициска акција против српските финансиски институции на северот на Косово, што резултираше со затворање на шест филијали на Поштенската штедилница и Народната банка на Србија во четири општини на северот на Косово, каде што живее српското мнозинство.

За време на акцијата, за која косовските власти соопштија дека се работи за воспоставување „ред и законитост“, биле одземени различни докази, вклучително и пари.

Косовската полиција, која прикачи фотографии од запленетите пари, соопшти дека се пронајдени „околу 1.600.000 евра, околу 74.700.000 српски динари, околу 19.500 франци, околу 13.800 американски долари и околу 40 австралиски долари“.

Косовската полиција соопшти дека акцијата на северот на Косово била спроведена по пријави од институции за финансиски надзор, како што се единицата за финансиско разузнавање и Централната банка на Косово. Во акцијата учествуваше и даночната управа на Косово.

Високите функционери во Србија остро ја осудија полициската акција на северот, нарекувајќи ја „незаконска“. Од Белград е упатена покана до Меѓународната заедница да ги запре акциите од Косово кои според нив го „загрозуваат опстанокот“ на Србите на Косово.

Серија земјотреси во регионот на Неапол

Вулканот Везув, Неапол, Италија
Вулканот Везув, Неапол, Италија

Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути на длабочина од 2,5 километри. Неколку минути претходно имаше земјотрес со јачина од 3,5 степени по Рихтер, проследен со десетици последователни потреси.

Институтот соопшти дека серијата земјотреси започнале синоќа точно во 19 часот и 51 минута во Флегранските полиња кај Неапол, што е вулканска зона во Италија.

Во таа зона на земјотресот живеат околу половина милион луѓе, а за денеска беше соопштено дека училиштата ќе бидат затворени, додека се отворени прифатните центри и се поставени шатори на неколку паркинзи.

Флегранските полиња, чија ерупција пред 40 000 години влијаеше на климата на планетата, ги загрижува локалните жители и научниците поради обновувањето на нивната активност поради гасовите што ги испушта магмата, што влијае на пукањето на површината на почвата.

Сценариото за катастрофа, односно исфрлање лава, пепел и камења во блиска иднина, според експертите е малку веројатно.

Гласаат болните и затворениците пред утрешното прегласување во седум избирачки места

илустрација
илустрација

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места.

Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач.

Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера ги извести националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почна од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Државната изборна комисија(ДИК) го поништи гласањето на овие седум избирачки места, а одлуката беше потврдена и од страна на Управниот суд посочувајќи дека тужбите на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се неосновани.

ДИК, исто така, ги смени и членовите на избирачките одбори во овие избирачки места.

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК, ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека доколку се променат резултатите од гласањето во овие седум избирачки места тие би добиле по уште еден мандат во Парламентот.

Парламентарните избори во Северна Македонија се одржаа на 8 мај, заедно со вториот круг претседателски избори.

Судскиот совет го одзема имунитетот и одобри притвор за судија од Врховен

Судски совет
Судски совет

Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија кој вчера беше уапсен поради сомневање за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Судскиот совет го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

„Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка“, се наведува во соопштението.

Врховниот судија вчера беше уапсен за примање примање награда за противзаконито влијание, а како што соопшти полицијата, бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.

Украинските сили се борат за Вовочанск, САД ветуваат нова испорака на оружје

Украински полицаец во градот Вовочанск, Харкивска област. 13 мај 2024 година.
Украински полицаец во градот Вовочанск, Харкивска област. 13 мај 2024 година.

Руските сили на 20 мај продолжија со својот немилосрден напад врз украинскиот регион Харкив, вклучително и со масовен напад со беспилотно летало врз самиот град, додека локалните власти рекоа дека вооружените украински војници сè уште држат околу 60 отсто од пограничниот град Вовчанск којшто е во фокусот на кампањата на Москва во последните недели.

„Непријателот продолжува да се обидува да ги потисне вооружените сили на Украина од Вовчанск“, изјави за националната телевизија Роман Семенуха, заменик-шеф на регионалната воена администрација.

Тој додаде дека „околу 60 отсто“ од Вовочанск е под контрола на украинските сили, но дека руските напади не престануваат, јави украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Семенука рече дека Русите ги концентрираат своите напори на Вовчанск и Липци - уште едно населено место во областа каде што пред војната живееле околу 4.500 луѓе.

Украина соопшти дека рано денеска ги соборила сите 29 беспилотни летала камикази од типот Шахед, лансирани од Русија во Харкив, вториот по големина град во Украина.

Украинската војска, исто така, соопшти дека Русија лансирала балистичка ракета „Искандар-М“, но не соопшти дали била пресретната.

На 10 мај, руските трупи почнаа да ги гранатираат пограничните населби во регионот Харкив и започнаа копнена офанзива во областа Вовчанск. Се чини дека на 16 мај руските единици влегле во Вовчанск, на околу пет километри од границата, каде што се водат најжестоките борби на северот.

Заземањето на Вовчанск - дом на околу 17.500 луѓе пред војната - ќе го претставува најважниот напредок на Русија од почетокот на офанзивата во регионот Харкив, додека Кремљ се обидува да ги развлече украинските сили на североисток.

Соединетите Држави понудија нова поддршка за Киев, повикувајќи ги другите сојузници да продолжат со снабдување со оружје за да помогнат во одбраната на Украина.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и околу 50 шефови на одбрана од целиот свет се состанаа на 20 мај за да ги координираат дополнителните испораки на воена помош за Украина.

„Се среќаваме во време на предизвик“, рече Остин, ветувајќи дека американското оружје ќе продолжи да пристигнува „од недела во недела“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју објавено од Ројтерс, се пожали дека на западните сојузници им треба премногу долго за да донесат клучни одлуки за дополнителна воена поддршка.

„Секоја одлука до која ќе дојдеме ние, а подоцна и сите, доцни околу една година“, рече тој.

Израел и Хамас го осудуваат барањето за апсење на нивните лидери

Населба во градот Газа во северниот дел на палестинската територија. 15 мај 2024 година.
Населба во градот Газа во северниот дел на палестинската територија. 15 мај 2024 година.

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека барањето на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелски функционери поради војната во Газа е срамно.

„Донесен со лоша намера, овој едностран потег претставува едностран политички чекор кој ги охрабрува терористите ширум светот и ги крши сите основни правила на судот“, рече Херцог.

Херцог изрази очекување дека потегот на обвинителот ќе биде осуден и отфрлен од сите лидери на „слободниот свет“.

Тој исто така изјави дека лидерите на Хамас се виновни за иницирање масовни убиства и дека обидот да се повлечат паралели меѓу нив и демократски избраната влада на Израел е неприфатлив.

„Таа (владата) работи на исполнување на својата должност да ги брани и заштити своите граѓани во целосна согласност со меѓународното право“, заклучи Херког.

Меѓународниот кривичен суд ги обвинува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за истребување, гладување како метод на војна, одбивање на хуманитарна помош и гранатирање на цивили во Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече скандалозна одлуката на главниот обвинител на МКС, пишуваат израелските медиуми.

„Ова нема да ме спречи, ниту ќе не спречи“, наводно рекол Нетанјаху на состанок на неговата партија Ликуд, пренесува израелскиот портал Ynet.

Тајмс оф Израел наведува дека Нетанјаху се очекува наскоро да даде официјално соопштение.

МКС ги бара и претставниците на Хамас Исмаил Ханије, Јахја Синвар, Мухамед Деиф за, како што наведува судот, злосторства на истребување, убиства, земање заложници, силување, сексуални напади и тортура, пренесуваат агенциите.

Претседателот на израелскиот парламент (Кнесет) Амир Охана изјави дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг му докажал на светот дека не е легитимен.

„Тоа е скандалозна одлука што ја става државата Израел заедно со терористичката организација Хамас, која киднапираше, мачеше, палеше, масакрираше и убиваше Евреи“, рече Охана.

Палестинскиот Хамас, кој Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) го сметаат за терористичка организација, објави дека најостро го осудува барањето на главниот обвинител на МКС.

„Тоа ги претставува обидите на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд да ја изедначи жртвата со џелатот со издавање налози за апсење против голем број лидери на палестинскиот отпор“, се вели во соопштението на организацијата, пренесува Франс прес.

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, рече дека одлуката на обвинителот го охрабрува Израел да продолжи со својата „војна за истребување“.

Васел Абу Јусеф од Палестинската ослободителна организација (ПЛО) оцени дека постои конфузија околу тоа која е жртвата.

„Палестинскиот народ има право да се брани. Бараме од МКС да издаде налози за апсење на израелски службеници кои вршат геноцидни злосторства во Појасот Газа“, рече Јусеф.

Новинските агенции јавуваат дека Хамас и другите екстремистички организации во Појасот Газа се верува дека држат 129 заложници од околу 250 кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври на јужен Израел, во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Се додава дека повеќе од 35.500 Палестинци биле убиени во израелската воена кампања што следеше во Појасот Газа. Израел тврди дека загинале 282 израелски војници.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, побара да се распишат налози за апсење на лидерите на Хамас и Израел, вклучително и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што објави АП на 20 мај, Кан рече дека верува оти Нетанјаху, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас се одговорни за воените злосторства и злосторствата против човештвото во Појасот Газа и Израел.

Уапсен судија од Врховниот суд за „примање награда за противзаконито влијание“

Macedonia - Supreme Court of Macedonia - 15jul2016
Macedonia - Supreme Court of Macedonia - 15jul2016

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд кој бил осомничен за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Судијата бил лишен од слобода на самото место додека го извршувал кривичното дело, наведуваат од Министерството.

Од институцијата велат дека во моментов се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.

МИА објави дека од Судски совет засега немаат добиено информација.

Полициска акција на северот на Косово - затворени шест филијали на Поштенската штедилница на Србија

Косовската полиција во полициска акција во северна Митровица.
Косовската полиција во полициска акција во северна Митровица.

Властите во Косово на 20 мај објавија дека го затвориле претставништвото на Банката „Поштанска штединица Србија“ и нејзините пет други филијали во четири општини на северот на Косово каде мнозинство се Срби.

Косовската полиција соопшти дека акцијата на северот на Косово била спроведена врз основа на извештаи на институциите за финансиски надзор, како што се единицата за финансиско разузнавање и Централната банка на Косово, заедно со Даночната управа на Косово.

Во соопштението на косовската полиција е наведено дека акцијата се одвивала без проблеми и инциденти.

„Целта на полициската акција е воспоставување ред и законитост, при што по овластување на надлежен обвинител беа затворени шест единици на таканаречената нелегална Поштенска штедилница на северот од државата“, соопштија од полицијата.

Во акцијата на северот беа забележани членови на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) и на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, им честиташе на институциите за „покажаниот успех“ за време на акцијата на северот.

Акцијата на косовските власти следеше една недела откако Централната банка на Косово објави дека завршил преодниот период за забраната на користење на српскиот динар за плаќање.

Србија силно се спротивстави на регулативата на ЦБК, која го предвидува еврото како единствена валута за плаќање.

Државата Србија издвојува милиони евра за исплата во динари на плати, пензии и дополнителна помош на Србите во Косово.

ЦБК на 13 мај објави дека по завршувањето на периодот на транзиција, лиценцирала осум филијали на финансиски институции во општините со српско мнозинство, во Лепосавиќ, Звечан, Грачаница, Штрпац и една во Шилово во Гњилане.

Меѓународната заедница побара од Косово да го одложи спроведувањето на уредбата за ЦБК, наведувајќи го негативното влијание што може да го има врз српската заедница во Косово.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Апелациониот суд во Скопје одлучи дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков в четврток на 23 мај излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Одлуката на Апелациониот суд доаѓа по жалбата на Мијалков на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на Мијалков со што тој требаше да излезе од затворот во Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст да му се смета до 25 април 2025 година.

Апелациониот суд Скопје решението по жалбата на Мијалков на одлуката на Кривичниот суд Скопје го донел на седница на 14 мај годинава која не била јавна.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело“, се вели во соопштението од Апелација.

Мијалков издржува казна затвор од три години во затворот во Струга за случајот „Империја“.

Тој во случајот „Империја“ призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG