Настаните на денот низ фотографии - 26 мај 2022
Од Талат Џафери до Кевин Спејси
![СРБИЈА / РУСИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека в недела има договорено разговор со својот руски колега, Владимир Путин.](https://gdb.rferl.org/08700000-0a00-0242-4032-08da0122177a_w1024_q10_s.jpg)
1
СРБИЈА / РУСИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека в недела има договорено разговор со својот руски колега, Владимир Путин.
![САД - Британските обвинители денеска поднесоа обвинение против холивудската ѕвезда Кевин Спејси за четири случаи на сексуално злоставување на тројца мажи. Обвинителството наведе дека Спејси е обвинет и за принудување на друго лице да „учествува во сексуална активност без негова согласност“.](https://gdb.rferl.org/4f2d769a-2feb-42a4-8553-f43282bb6494_w1024_q10_s.jpg)
2
САД - Британските обвинители денеска поднесоа обвинение против холивудската ѕвезда Кевин Спејси за четири случаи на сексуално злоставување на тројца мажи. Обвинителството наведе дека Спејси е обвинет и за принудување на друго лице да „учествува во сексуална активност без негова согласност“.
![ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Владата на Велика Британија денеска објави пакет мерки во вредност од неколку милијарди фунти за финансиска помош за домаќинствата со најниски приходи, и поради тоа им воведува еднократен данок од 25 отсто на екстра профит на нафтените и гасни компании.](https://gdb.rferl.org/4076048b-df17-486d-a37c-5b034f1cdd68_w1024_q10_s.jpg)
3
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Владата на Велика Британија денеска објави пакет мерки во вредност од неколку милијарди фунти за финансиска помош за домаќинствата со најниски приходи, и поради тоа им воведува еднократен данок од 25 отсто на екстра профит на нафтените и гасни компании.
![ПЕРУ - Силен земјотрес денеска го погоди југот на Перу. Геолошкиот топографски институт од САД соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 7,2. Исплашените граѓани истрчале на улиците. Засега нема информации за штети или повредени.](https://gdb.rferl.org/8c63696a-f53e-4d29-90e6-13d121c8d873_w1024_q10_s.jpg)
4
ПЕРУ - Силен земјотрес денеска го погоди југот на Перу. Геолошкиот топографски институт од САД соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 7,2. Исплашените граѓани истрчале на улиците. Засега нема информации за штети или повредени.