Настаните на денот низ фотографии - 7 март 2022
Жртви и цени
![РУСИЈА - Неколку руски телевизиски канали биле хакирани и нивната програма заменета со прилози за војната во Украина од независните телевизии како Денешно време и Дожд, кои беа блокирани во Русија од властите.Твитер профили поврзани со Анонимуси, онлајн активистичка заедница која првпат го привлече глобалното внимание пред една деценија, тврдат дека стојат зад овој хакерски напад.](https://gdb.rferl.org/08640000-0a00-0242-db44-08d9fd1ecf06_w1024_q10_s.jpg)
1
РУСИЈА - Неколку руски телевизиски канали биле хакирани и нивната програма заменета со прилози за војната во Украина од независните телевизии како Денешно време и Дожд, кои беа блокирани во Русија од властите.Твитер профили поврзани со Анонимуси, онлајн активистичка заедница која првпат го привлече глобалното внимание пред една деценија, тврдат дека стојат зад овој хакерски напад.
![АЛБАНИЈА - По предлог на градоначалникот Ерион Велиај, на попладневната вонредна седница, Советот на општина Тирана, донесе одлука улица во албанската метропола да се именува Слободна Украина.](https://gdb.rferl.org/020d0000-0aff-0242-217c-08da0069b26e_w1024_q10_s.png)
2
АЛБАНИЈА - По предлог на градоначалникот Ерион Велиај, на попладневната вонредна седница, Советот на општина Тирана, донесе одлука улица во албанската метропола да се именува Слободна Украина.
![ЕУ - Европа може да очекува да прими 5 милиони бегалци ако продолжи руската инвазија врз Украина и бомбардирањето на градовите, оцени денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во Монпеље во Франција.](https://gdb.rferl.org/01cc0000-0aff-0242-74af-08d9fd241c25_w1024_q10_s.jpg)
3
ЕУ - Европа може да очекува да прими 5 милиони бегалци ако продолжи руската инвазија врз Украина и бомбардирањето на градовите, оцени денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во Монпеље во Франција.
![БУГАРИЈА - На лидерот на бугарската националистичка партија Преродба, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина во наредните 10 години. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија.](https://gdb.rferl.org/020c0000-0aff-0242-a57a-08da00500ee0_w1024_q10_s.jpg)
4
БУГАРИЈА - На лидерот на бугарската националистичка партија Преродба, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина во наредните 10 години. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија.