Настаните на денот низ фотографии - 10 јануари 2022
Од Ѓоковиќ до КГБ
![БЕЛОРУСИЈА - Белоруските власти соопштија дека маж во источниот град Махилју е осуден на двегодишна затворска казна за неговите коментари на интернет во кои навредувал припадник на руската КГБ кој беше убиен во полициска престрелка во стан во Минск.](https://gdb.rferl.org/7662d6ea-7e9f-4f76-9e49-88d403b61fca_cx0_cy20_cw0_w1024_q10_r1_s.jpg)
1
БЕЛОРУСИЈА - Белоруските власти соопштија дека маж во источниот град Махилју е осуден на двегодишна затворска казна за неговите коментари на интернет во кои навредувал припадник на руската КГБ кој беше убиен во полициска престрелка во стан во Минск.
![БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Бугарија ја потврдува својата позиција кон евроинтеграцијата на Северна Македонија и новата Влада ќе мора да ја спроведе. Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на РС Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари. Ова го изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по состанокот на Советодавното тело за национална безбедност.](https://gdb.rferl.org/8c8e0000-0aff-0242-b50e-08d9d438d482_w1024_q10_s.jpeg)
2
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Бугарија ја потврдува својата позиција кон евроинтеграцијата на Северна Македонија и новата Влада ќе мора да ја спроведе. Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на РС Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари. Ова го изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по состанокот на Советодавното тело за национална безбедност.
![САД / РУСИЈА - Делегациите на Соединетите Американски Држави и Русија ги завршија осумчасовните разговори во Женева. Ова е дел од она што се очекува да биде недела на дипломатија со високи влогови, поттикната од барањата на Москва за безбедносен договор и нејзиното заканувачко воено засилување во близина на Украина.](https://gdb.rferl.org/bc5c0000-0aff-0242-ad78-08d9d443b846_w1024_q10_s.jpg)
3
САД / РУСИЈА - Делегациите на Соединетите Американски Држави и Русија ги завршија осумчасовните разговори во Женева. Ова е дел од она што се очекува да биде недела на дипломатија со високи влогови, поттикната од барањата на Москва за безбедносен договор и нејзиното заканувачко воено засилување во близина на Украина.
![ЕУ / ЗАПАДЕН БАЛКАН - Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово продолжуваат да се соочуваат со проблеми во врска со владеењето на правото и основните права. Поддршка на ЕУ за владеењето на правото во Западен Балкан имаше мало влијание врз унапредувањето на основните реформи за владеење на правото во тој регион, се вели во специјалниот извештај објавен од Европскиот суд на ревизори.](https://gdb.rferl.org/505b6169-99ef-4c13-a16a-eab12cd79ac3_w1024_q10_s.jpg)
4
ЕУ / ЗАПАДЕН БАЛКАН - Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово продолжуваат да се соочуваат со проблеми во врска со владеењето на правото и основните права. Поддршка на ЕУ за владеењето на правото во Западен Балкан имаше мало влијание врз унапредувањето на основните реформи за владеење на правото во тој регион, се вели во специјалниот извештај објавен од Европскиот суд на ревизори.