Достапни линкови

Реформите во основно образование избрзани и неподготвени


Ученик и наставничка со заштитни маски на час во време на пандемија, Скопје 2020
Ученик и наставничка со заштитни маски на час во време на пандемија, Скопје 2020

Со години се очекуваат реформи како неопходни во образованието, со оглед на лошите резултати на македонските ученици на меѓународните тестирања, но дел од професорите остануваат уверени дека не може да се решат наталожените проблеми со "трчање" без темелни и осмислени подготовки.

Премиерот Зоран Заев, од собраниската говорница за време на расправата за концепцијата за основно образование, кажа дека иако се доцни нема да се избрзува со оваа реформа, но сепак редоследост се измени и документот се најде меѓу првите на ред за усвојување на последната седница на Владата.

Со тоа само што почна да се смирува прашината во јавноста подигната околу Концепцијата за основно образование, која дел од професорите ја доживуваат како избрзана и нетемелно осмислена, мислењата повторно се разбрануваa.

Заев - Царовска: Доцниме со образовните реформи, ама нема да избрзуваме

Вниманието во овој момент е пренасочено и кон тоа што содржи конечната верзија на концепцијата, која сеуште не е објавена. Претходно, на дебатите кои почнаа во декември и траеја до февруари имаше и поддршка од дел од професорите, но многу погласни беа критиките од дел од стручната јавност, претствници на МАНУ, професори и наставници.

Од Владата рекоа дека се слушнале и се прифатиле стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации кои учествуваа на дебатите за реформата.

Но, од СОНК ни рекоа дека не знаат кои од нивните забелешки се прифатени, укажувајќи дека немаат каде да го видат последниот документ, зашто ден по усвојувањето тој на е објавен на веб страницата на МОН, или на електронскиот портал на Владата ЕНЕР.

Од Владата беше кажано и дека во подготовката на документот од самиот почеток активно бил вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, но претседателот Јаким Неделков вели деки тие само понудиле одредени решенија, а сега очекуваат раекција.

Неделков - СОНК не ја знае конечната верзија на реформата во образованието
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:02 0:00
Директен линк

"Конечниот текст го немаме ниту сме го сретнале во јавноста за да знаеме што е прифатено. Концептот не е работен во консулатција со СОНК и СОНК не земал посебно учество во изготвување на концептот, апсолутно не, вистината е тоа што на СОНК мeѓу првите му беше презентирана концепцијата и ние веднаш дадовме мислење и став", вели Јаким Неделков претседател на СОНК.

Професорите поделени на расправата за реформите во основното образование

Иако промените со години се очекуваат како непходни во образованието со оглед на лошите резултати на македонските ученици на меѓународните тестирања, од СОНК се уверени дека не може да се решат наталожените проблеми со трчање без претходни темелни подготовки.

"Нашиот став кој го баравме беше да има избор на неколку 10 тина училишата, да се пилотира со нив, потоа да се обезбедат просторни услови кои ќе ги задоволат капцитетите на работење на училиштата бидејќи се продолжува работно време во училиштата за најмалку по еден час. Се поставува прашање за руралните училишта кои немаат капацитет, за деца кои патуваат од едно населено место во друго, за опрема и затоа баравме да има пилотирање во 10-тина разни училишта, од градски, приградски и рурални училишта за да се види како тоа би функционирало", вели Неделков.

Од МОН рекоа дека новините во основното образование кои ги предвидува концепцијата ќе стартуваат со почетокот на новата учебна година од септември и тоа во прво и четврто одделение во сите училишта. Претходно овој модел како пилот проект се спроведуваше во две училишта во Скопје.

РСЕ побара одговори од МОН за тоа кога и каде ќе биде објавен документот кој го усвои Владата. Од таму ни рекоа дека претходно концепцијата беше објавена на веб страницата на МОН и на увид на јавноста и дека секој можел да достави забелешки и предлози со цел усвојување на најдобрата верзија во интерес на учениците.

"Сите издржани и конструктивни забелешки беа прифатени и интегрирани во документот кој на вчерашната владина седница беше усвоен, и ќе биде објавен на www.mon.gov.mk штом биде потпишан од страна на министерката" се наведува во одговорот од МОН

Дополнуваат дека јавната дебата за Концепцијата за основно образование започна во декември 2020 година и траеше до февруари 2021 година, наведуавајќи дека биле консултиарни претставници од релевантни институции, наставници, родители и ученици.

Спојувањето предмети осмислена или избрзана и наметната реформа?

Дел од професорите кои дадоа подршка за оваа реформа на расправата во Собранието кажаа дека оваа промена во образованието требала да се случи уште пред 30 години. Некои рекоа дека гледааат добра основа во понудената концепција, додавајќи дека не е совршена, но е потребна во моментот. Тие што го критикуваа моделот во своите обраќања пак прашаа каков е тој концепт за кој образовни институции и соодветни факултети се изјаснуваат негативно.

Полемиките и несогласувањата во јавноста беа најбројни околу спојувањето на некои предметити.

Со многу забелешки за оваа промена беа Здружeнијата на физичари, на хемичари и на биолози, стравувајќи дека меѓу првите на удар од оваа реформа ќе бидат професорите по природни науки.

Професорот Валдимир Петрушевски од ПМФ вели дека поразувачки е што иднината на образованието не ја креираат здруженијата на професори од различни науки и дисциплини кои не дадоа поддршка за концептот.

"Јас колку што знам како ПМФ не сме биле консултарни. Ова се прави по линија на посилниот, посилниот решава што е добро, и затоа ни се толку "добри состојбите во образованието", вели професорот Петрушевски.

Ставот на дел од професорите од ПМФ беше дека за ваква промена недостасува кадар. Тие велат дека спојување на неколку предмети е препишан модел кој е неприменлив кај нас. Професорот Петрушевски вели дека спојување на предмети по природни науки е американски модел каде предметот наука го предава еден професор кој темелно има знаења од физика и хемија и билогија, а дека кај нас нема студии и подготовка за таков кадар. Според него ние ќе имаме некакаво преодно решение каде што секој од овие области ќе си има свој настваник и укажува дека е многу чудно како ќе се формира оценка.

"На просторите на поранешна Југославија, традиција е природните науки да се изучуваат одделно. Во Америка учаат предмет наука, но тие се подготвуваат за да бидат наставници за наука, тоа значи учат и биологија и хемија и физика итн. Кај нас не е така. Ќе има модули физика, хемија и биологија кои ќе бидат одделни, ама сеуште една оценка ќе треба да се даде. Ако ученик добие 5 ка по физика, а двојки по хемија и по билогија ќе се заведе средна оценка 3-ка. Tаа средна оценка- ништо не кажува. Како може да се консултираат меѓу себе професорите? Никој од хемичарите и физичарите не учи биологија. Биолозите имаат само енциклопедиски курсеви по хемија и по физика", вели професорот Петрушевски.

Тој има забелешки и за профилот на експертите кои учествувале во изработката на концептот

"Оние кои што решаваат за ова не се компетентни, тие се компетентни да кажат нешто за своите струки по педгогија, психологија..", вели професорот Петрушевски.

Средно решение

Оваа најавена реформа предизвика силни реакции во јавноста особено поради идејата да се спојат историјата и географијата како еден предмет во основните училишта, што во дел од јавноста беше оценето како обид за бришење на историјата во време кога Бугарија спори токму со дел од македонската историја.

Министерката за образование Мила Царовска по усвојувањето на концептот, кажа дека интегрираниот модел на учење на предмети, иако многу критикуван останува, но укажа дека биле прифатени некои од забелешките од стручната јавност.

Како пример таа го издвои најмногу критикуваното спојување токму за предметот историја објаснувајќи дека одлучиле Историја до 6-то одделение да се изучува интегирано во предмет Општество, а потоа да се издвои како предмет Историја и општество.

Царовска очекува дека ова решение сега ќе биде прифатливо за сите.

"Имаше неколку забелешки кои се дискутираа во јавноста, тоа беше наставниот предмет Историја или научната дисциплина што е интегрирана и таа останува интегрирана до шесто одделение. Во шестото одделение во насловот на самата група предмети одиме со Историја и општество, до шесто одделение со Општество. Дополнително, информира министерката, согласно Законот за употреба на јазиците, од четврто одделение наставните јазици се воведуваат како изборни", изјави Царовска.

Интегрирање предмети е суштинска определба за МОН

Инаку, од следната учебна година, предвидено е новата концепција за основно образование да се спроведе во прво и четврто одделение, додека наредната година, по неа да учат и учениците од шесто одделение. Етапно потоа, концепцијата треба да „влезе“ и во образовниот процес на седмооделенците, година потоа таа ќе „стигне“ до учениците во осмо одделение, па потоа и до учениците од деветто одделение.

Според најавите од МОН, паралелно со развивањето на наставните програми и развивање на нови учебници и наставни материјали треба да следи интензивна обука на наставниците, ќе се работи на интензивно развивање на вештините на наставникот, паралелно со соодветно опремување на училиштата.

Во однос на интеграцијата на дисциплините, за кои се најмногу се зборуваше во јавноста, од МОН порачаа дека тие сметаат дека таа е неопходна поради интердисциплинарниот пристап, дополнувајќи дека моделот овозможува учениците полесно да ги поврзат наставните програми со реалноста.

Со новата концепција, освен спојување на неколку предмети во еден, и воведување на заедничко работење на повеќе наставници во делот на планирање на наставни содржини, се предвидува и поголема застапеност на слободни ученички активности и вон наставни активности. Ќе се изучува и сексуално образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение. Истовремено и албанскиот јазик влегува како изборен предмет од шесто одделение.

Инаку, од МОН посочија и дека концепцијата нема да се преточува во закон, наведувајќи дека таа произлегува од Законот за основното образование донесен пред околу една година, а воедно е предвидена и со Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година и е дел од владината програма за работа.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG