Еко куќи направени со 3Д принтер
Два 3Д принтери работеле околу 200 часа за изградба на еко куќи во Равена, северна Италија. Тимот зад овој проект објасни дека користеле одржливи и еколошки материјали. Поточно, ископале земја, која ја исушиле и измешале со оризова вода и стабилизатори за да добие цврстина. Принтерите ги надгледувале двајца работници, едниот за техничка поддршка и другиот за мониторирање на материјалите.