Достапни линкови

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ поради поскапената струја


Архивска фотографија од првиот протест на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на РКЕ за зголемување на цената на струјата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре во 18 часот, ќе се одржат протести со возила во Охрид, Прилеп и Скопје против одлуката на Регулаторната комисија за поскапувањето на струјата за 7,4 отсто.

„Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт“, се вели во најавата за протестите.

ВМРО-ДПМНЕ до сега организираше неколку протести против одлуката за поскапување на струјата, а премиерот Зоран Заев минатата недела изјави дека Владата ќе ја разгледа можноста за намалување на ДДВ за електричната енергија.

XS
SM
MD
LG