Достапни линкови

Започнува новата учебна година


илустрација

Во услови на пандемија денеска стартува новата учебна 2020/2021 година за учениците во основните и средните училишта. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до трето одделение, но и во повисоките одделенија во околу 600 основни и средни училишта кои поднеле барања за ваков тип на настава и добија одобрение од надлежните. Сите преостанати ученици, наставата ќе ја следат исклучиво онлајн. Од Сојузот на средношколци вчера повторно побараа да се дозволи комбинирана настава.

Пропуштеното во образованието поради пандемијата - предизвик во иднина

Во спротивно, посочија дека ако и во октомври епидемиолошката состојба е стабилна, во ноември ќе ја бојкотираат онлајн наставата. Министерката за образование и наука Мила Царовска, пак, на прес-конференција посочи дека она што со сигурност се знае е дека се почнува на начинот зацртан во планот за започнување на учебната година. „Ако се менува епидемиолошката состојба, епидемиолозите сигурно дека ќе може да ја преиспитаат ситуацијата, но повторувам дека не станува збор за желби“, рече Царовска.

XS
SM
MD
LG