Достапни линкови

Кацарска предложена за Уставен судија, ВМРО-ДПМНЕ вели тоа е „награда од мафијата“


Добрила Кацарска, судијка во Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Добрила Кацарска едногласно е предложена за нов судија на Уставниот суд на денешната седница на Судскиот совет. Предлогот ќе биде испратен во Собранието кое ќе гласа за нејзиниот избор на функцијата. Таа е преложена од Судскиот совет на местото на Владимир Стојановски, по истекот на неговиот мандат.

Кацарска е судијка во Основниот кривичен суд Скопје од 1986 година. Ги судела и предметите „Тенк”, „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп” и „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”.

По објавувањето на предлогот, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Кацарска ја осуди Гордана Јанкуловска за мерцедесот во кој што се вози Заев, а го осуди и Митко Чавков, значи двајца министри за внатрешни работи од претходната влада. Сега мандатот во Уставен треба да ѝ е награда за испорачаното за потребите на мафијата“, изјави денеска пред новинарите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

XS
SM
MD
LG