Достапни линкови

Јанкулоска спроведена во затворот Идризово на издржување казна од 4 години


Гордана Јанкулоска во суд за случајот Таргет - Тврдина

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска е спроведена со полиција по судски налог во Идризово за издржување на казна затвор, потврдуваат за РСЕ од МВР. Таа е осудена правосилно на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски.

Јанкулоска со полиција е спроведена во женското одделение во затворот „Идризово“.

Пред десет дена преку писмено соопштение Врховниот суд информира дека се донесени одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“ и ја потврдиле правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.

Јанкулоска, во октомври 2018 беше осудена на шест години затвор за незаконската набавка на блиндираниот Мерцедес, по што Апелација ја намали казната на 4 години.

XS
SM
MD
LG