Достапни линкови

Одбраната на осудените за „27 април“ бара да се укине пресудата


Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

Укинување на пресудата и враќање на постапката пред изменет судечки совет побараа во образложението на жалбите обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година на денешното продолжение на тридневната јавна расправа пред Апелација за пресудите за „27 април“.

Меѓу 16-те обвинети, кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”, се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање. Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски.

Бранителката на Митко Пешов, на кого му беа изречени 15 години казна затвор, адвокатката Павлина Зефиќ рече дека биле направени повреди во постапката и судските рочишта за предметот траеле и по 12 часа со следење на искази на 4-5 сведоци и биле соочени со сериозен предизвик како одбрана. Бранителот на Чавков, адвокат Саша Дукоски, рече дека оваа пресуда е фингирана и нема било каков доказ и затоа смета дека не може да опстане.

Пред почетокот, обвинетиот Александар Василевски Нинџа го извести Судот дека, денеска додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на Митко Чавков, на што подоцна реагираше адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски, кој рече дека немало закани, бидејќи на денешното рочиште немало никој од семејството на Чавков.

XS
SM
MD
LG