Достапни линкови

Полицијата пронашла мини лабораторија и стебла канабис во Визбегово, приведени три лица


Полиција, Северна Македонија

Саксии со стебла марихуана, стебла кои се сушеле и мини лабораторија за производство на масло од канабис биле пронајдени при претрес во скопско Визбегово, соопшти полицијата.

Единицата за недозволена трговија со дрога денеска извршила претрес во домот и помошните простории на триесет и осумгодишен човек при што се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабораторија за производство на масло.

Полицијата при претресот затекнала и други две лица. Бил извршен претрес во домот на едно од лицата, каде полицијата пронашла марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис. Во соопштението од МВР се наведува дека трите лица се приведени.

XS
SM
MD
LG