Достапни линкови

Нови 144 заболени и 8 починати од ковид-19


Ковид-19

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани вкупно 144 нови случаи на инфицирани со ковид 19, а починати се 8 пациенти заболени од коронавирусот. Изминатово деноноќие биле направени 1545 тестови, а регистрирани се 97 оздравени . Од новозаразените 144 нови случаи во Скопје се 27, Струмица 15 а Прилеп, Кочани и Тетово по 13новозаболени. Починати се осум лица, еден пациент од Куманово на 48 годишна возраст, потоа еден од Струмица на 39 годишна возраст потоа од Кичево на 56 години, еден од Штип на 65 години, двајца пациенти од Прилеп на 62 и 83 годишна возраст , еден од Тетово на 69 години, и еден од Виница на 63 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417, бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. Најмногу активни случаи се евидентирани во Скопје 567 каде што по општини предничи Аеродром со 84 активни слуачи, па Карпош, Центар и Гази Баба по 73 активни случаи и Чаир со 57 активни случаи , потоа во Куманово каде што бројот на активни случаи изнесува 192 и Тетово 144 но и Прилеп каде што има 123 активни случаи на заразени со ковид-19.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 152, позитивни и сомнителни на ковид-19.

XS
SM
MD
LG