Достапни линкови

Макрон во Либан


Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Либан Мишел Аун, Бејрут, 31.08.2020.

Францускиот претседател Емануел Макрон, престојува во посета на Либан со цел да ги предводи меѓународните напори да ги натера поделените лидери на таа земја да се справат со финансиската криза што ја уништи економијата дури и пред масовната експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август, при што загинаа околу 190 луѓе. Амбасадорот на Либан во Германија, Мустафа Адиб, треба беше назначен за премиер вчера пред посетата на Макрон на Бејрут. Адиб се најде како фаворит за премиерската позиција откако во неделата беше номиниран од поранешните премиери, вклучувајќи го и Саад ал-Харири, кој ја предводи најголемата либиска муслиманска партија на сунитите.

Либанската влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут

Функцијата на премиерот мора да ја води сунит. Претседателот на Либан Мишел Аун, христијанин, мора да го назначи кандидатот со најголема поддршка меѓу пратениците. Високи либански официјални лица изјавија дека Макрон ги притиснал либанските лидери да се договорат за кандидат Во минатата недела либанските лидери беа ќор-сокак околу тоа кој треба да биде следниот премиер.

XS
SM
MD
LG