Достапни линкови

Повеќе од 60 лица се исчезнати во несреќата во Бејрут


илустрација

Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во неодамнешната експлозија на магацин со амониум нитрат во пристаништето во Бејрут, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.

„Бројот на загинати е 154, од кои 25 сè уште не се идентификувани“, велат од министерството, додавајќи дека по 60 лица што исчезнале се уште се трага. Граѓани од најмалку седум земји се меѓу убиените во Бејрут.

Министерството соопшти дека во експлозијата, што се случи во вторникот, повредени се повеќе од 5.000 лица, од кои 120 се уште се во критична состојба. Експлозијата се случи во вторникот, на 4-ти август, во магацин кај либанската поморска база во пристанишниот дел на Бејрут.

Експлозијата е предизвика детонација на 2.750 тони амониум нитрат, хемикалија која се користи за експлозиви и ѓубриво, складирана во пристаништето откако била конфискувана од запленет брод во 2013 година.

XS
SM
MD
LG