Достапни линкови

Најмалку 100 загинати во експлозијата во Бејрут


Луѓе носат жртва од местото на експлозијата што го зафати пристаништето во Бејрут, Либан, 04.08.2020.

Од двете разорни експлозии што вчера го потресоа централниот дел на либанскиот главен град Бејрут, загинаа најмалку 100 луѓе, а илјадници се повредени, изјави денеска шефот на либанскиот Црвен крст Џорџ Кетанех. Со преполни болници полни и со луѓе кои сè уште се затрупани под урнатините бројот на загинатите се очекува да порасне. Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан, претходно изјави дека бројот на загинатите е 73 лица, со повеќе од 4.000 повредени.

Ден на жалост во Либан по вчерашните експлозии во Бејрут

Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека експлодирале 2.750 тони земјоделско ѓубриво амониум нитрат што со години се чувало во складиште во пристаништето, предизвикувајќи „целосна катастрофа“. Според АП, ова е најмоќната експлозија во градот, која претрпе граѓанска војна, судири со Израел и терористички напади.

XS
SM
MD
LG