Достапни линкови

Донација од САД за ЈО за гонење организиран криминал и корупција


Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема, рече обвинителката Русковска на доделувањето на донацијата.

Амбасадата на САД во Скопје, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и за спроведување на законите (ИНЛ) при Стејт Департментот, донираа преносни компјутери на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираше Обвинителството. Донацијата е наменета за потребите на истражниот центар во обвинителството и олеснување на неговата работа на терен во време на пандемијата со Ковид-19.

„Потребата од нови современи технолошки помагала за спроведување на истражни дејствија е секогаш потребна, особено ако се има предвид дека обвинителството треба да биде неколку чекори пред лицата кои ги гони. Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема и ефикасно и ефективно ќе ги спроведуваат своите надлежности во прогонот на организираниот криминал и корупцијата“, рече претседателката на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG