Достапни линкови

Нови 136 заразени со Ковид-19, починати 8, а оздравени 43 пациенти


Илустрација

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи со Ковид-19. Од нив 80 се во Скопје, 24 во Тетово, 6 во Куманово, 5 во Охрид, 4 во Гостивар и Ресен, 3 во Велес, а по еден случај има во Струга, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Неготино. Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, Куманово и Тетово и еден од Велес и од Кичево. Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56 г.) примен на 11 јуни и пациентка (68 г.) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47 г.) примена на 12 јуни и пациентка (59 г.) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78 г.) примен вчера и пациентка од (47 г.), хоспитализирана на 22 јуни. Во Општата болница во Битола почина пациент од Кичево (61 г.) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095.

XS
SM
MD
LG