Достапни линкови

Ѓукановиќ до ЕУ: Нема компромис со националисти


Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека и покрај бројните политички притисоци, нема да има компромис „со националистите и оние што сакаат да го уништат наследството на оваа генерација, кога станува збор за врската меѓу државата и црквата“, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет по средбата со ЕУ амбасадорите во таа земја. На средбата, црногорскиот претседател, исто така, истакнал дека владеењето на правото ќе биде клучен приоритет на државната политика.

„Тој се заблагодари за интересот и корисните предлози, потенцирајќи дека владеењето на правото како предуслов за економски развој ќе продолжи да биде клучен приоритет на државната политика, како предуслов за соработка со кредибилни партнери“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Ѓукановиќ изразил очекување дека Црна Гора наскоро заслужено и оправдано ќе го отвори Поглавјето 8, што како што се наведува, би претставувало признание и потврда дека ЕУ стои зад своите зборови, да продолжи со политиката на отворена врата, иако ниту поинаква одлука „нема да влијае на црногорскиот евро-ентузијазам“.

XS
SM
MD
LG