Целата приказна од виралното сведоштво на преживеано момче од Виницја
Единаесетгодишниот Роман Олексив го преживеа рускиот воздушен напад врз украинскиот град Виницја во 2022 година, во кој загинаа 28 лица, вклучувајќи ја и неговата мајка. Неговата приказна го трогна преведувачот до солзи за време на неодамнешниот настан во Европскиот парламент. Откако претходно ја објави приказната на Роман, РСЕ се осврнува на нападот, долгото закрепнување на Роман и како тој и неговиот татко сега јавно зборуваат за човечката цена на војната.