Достапни линкови

Црногорската полиција нема да дозволи собири без почитување на мерките


Архивска фотографија - верски собир во Нишиќ. 12.05.2020

Полицијата нема да дозволи јавни собири со кој се кршат мерките на Националното координативно тело и ќе го процесуира секое одговорно лице во случаите на непочитување на законите и загрозувањето на здравјето на граѓаните на Црна Гора, изјави директорот на Уравата на полицијата Веселин Вељовиќ.

Во пишана изјава доставена до медиумите се наведува дека „полицијата нема да обезбедува јавни собири кои не се пријавени во законски утврдената процедура.“

Вељовиќ, како што се наведува, верува дека организаторот на јавните собири е свесен на фактите дека во овој момент чувањето на здравјето на граѓаните е приоритет и дека овие собири поттикнуваат тензии и придонесуваат до создавање на вознемиреност на јавноста.

„Ја потсетувам јавноста дека само во еден кластер со литија беа инфицирани 70 лица од коронавирус, што покажува дека јавните собири и натаму се закана и ризик по здравјето на граѓаните“, вели Вељовиќ.

Националното координативно тело за борба против заразните болести (НКТ) на 28 мај, на предлог на Институтот за јавно здравје, донесе одлука за сите видови на собири, во отворен и затворен простор, на јавни места, вклучително за одржување на свадби и погреби.

Во одлуката се наведува дека на собирите може да присуствуваат 200 лица, со задолжително почитување на мерките за физичка дистанца од најмалку 2 метри.

Црногорско-приморската Митрополија на Српската православна црква (СПЦ) за недела 14 јуни најави продолжување на литиите.

XS
SM
MD
LG