Достапни линкови

Бугарската Влада падна по масовните протести против зголемување на даноците и корупцијата


Антивладини протести во Бугарија, илустрација
Антивладини протести во Бугарија, илустрација

Бугарскиот премиер Росен Жељазков и неговата влада поднесоа оставка на 11 декември по едни од најмасовните протести во современата историја на Бугарија.

Протестите беа предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година што предвидуваше зголемување на даноците и повисоки социјални придонеси, чекори предложени од влада што многу Бугари ја сметаат за корумпирана.

Жељазков ја соопшти одлуката во телевизиско обраќање од Софија, и тоа кратко пред во парламентот да се одржи гласање за недоверба на Владата.

„Владата денеска поднесува оставка“, изјави премиерот Жељазков по состанокот на лидерите на владејачките партии.

Оваа одлука следува по неколку големи протести што започнаа како реакција на плановите за буџетот за 2026 година, а потоа се проширија во пошироко незадоволство од економските политики на владата и неуспехот да се сузбие корупцијата.

Меѓународната организација „Транспаренси Интернешнл“ ја рангира Бугарија, земја која треба да го усвои еврото на 1 јануари, како втора најкорумпирана земја во Европската унија, веднаш по Унгарија.

Според Евростат, Бугарија е и најсиромашната земја во Унијата. Дополнително, земјата е и една од политички најнестабилните членки на ЕУ.

Бугарските граѓани од 2021 година седум пати излегоа на избори за парламент кој беше блокиран од серија нестабилни коалиции составени од повеќе центристички и десничарски партии.

Десетици илјади луѓе се собраа во Софија и други градови доцна на 10 декември, скандирајќи „Оставка! Оставка! Оставка!“ и „Мафија, надвор!“ пред парламентот.

Бугарите повтoрно на улиците, барaат нова влада Бугарите повтoрно на улиците, барaат нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:07 0:00

Протестите беа претежно мирни.

„Се надевам многу, многу силно дека овој бран ќе се претвори во значително поголема излезност на изборите, што ќе го промени типот на влада што ја имаме“, изјави еден демонстрант за РСЕ за време на протестот.

Не беше јасно дали земјата ќе оди на нови избори, што би биле осми по ред во последните четири години.

Жељазков предводеше коалициска влада назначена во јануари, по тешки преговори што следеа по минатогодишните октомвриски избори кои малку придонесоа за да се реши длабоката расцепканост на парламентот.

Поради тоа што последните четири години беа обележани со политичка парализа и реформи што никогаш не се реализираа, средствата од Европската Унија речиси пресушија.

XS
SM
MD
LG