Достапни линкови

Пилотот исчезнат по уривањето на американски борбен авион во Северното Море


Илустрација: Американски борбени авиони Ф-15

Пилот на американското воено воздухопловство е исчезнат откако неговиот борбен авион Ф-15Ц денеска се урна во Северното Море. Авионот, во кој имало само еден пилот, полетал на тренинг мисија од базата Лејкенхит на Британското воено воздухопловство во близина на Милденхол во Сафолк, во источна Англија. Тоа е база на 48-от винг на американските воздушни сили.

„Причината за несреќата, како и статусот на пилотот, во моментов се непознати, а британските служби за потрага е спасување се повикани на помош“, рече американскиот воздухопловен капетан Миранда Т. Симонс.

Би би си објави дека се верува оти авионот исчезнал на 137 километри од брегот во источен Јоркшир. Скај њуз, повикувајќи се на интернет сајт за следење на летови, објави дека авионот кружел над областа пред да исчезне.

Лејкенхит е најголема американска воздухопловна база во Велика Британија, во која се стационирани 4000 американски војници.

XS
SM
MD
LG