Достапни линкови

Уапсени повеќе од 100 луѓе по насилните протести во Лондон


Повеќе од 100 луѓе се уапсени во Лондон по судирот меѓу демонстрантите, меѓу кои и екстремно десничарски активисти со полицијата, соопшти британската полиција.

Вчерашните протести во Лондон преминаа во насилство, откако дел од демонстрантите се судрија со полицијата, а други фрлаа со шишиња, пиротехнички факли и димни бомби кон полицијата

Премиерот Борис Џонсон го осуди насилството, велејќи дека на улиците во Британија нема место за расистичкото насилство.

Полицијата соопшти дека протестите биле главно мирни со изолирано насилство насочено кој полицајците.

Различни групи од целата земја, вклучително и некои екстремно десничарски активисти, рекоа дека дошле во Лондон за да ги заштитат спомениците од активистите за борба против расизам.

Исто така, на 13 јуни, во Лондон и низ целата земја се одржаа неколку мирни протести за борба против расизмот, инспирирани од движењето во САД „Црните животи се важни“. Протестите во САД уследија по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина откако полицаец го притискал со коленото врз вратот скоро девет минути.

Протести против полициска бруталност и против расизам се одржаа и во други градови во светот.

Препорачано

XS
SM
MD
LG