Достапни линкови

Во Париз протести против расизам, во Лондон протести на десничарски групи


Неколку илјади демонстранти кои протестираат против расизам се собраа денеска во центарот на Париз, за да ја осудат полициската бруталност. Во Лондон, пак, демонстрираат стотици екстремно десничарски активисти.

Протестите во Париз се инспирирани од движењето во САД „Црните животи се важни“. Протестите во САД уследија по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина откако полицаец го притискал со коленото врз вратот скоро девет минути.

Еден од учесниците на маршот од Плоштадот на Републиката до Главната опера во Париз, носеше транспарент на кој пишува: „Се надевам дека нема да бидам убиен затоа што сум црн “. Друг, пак, носеше транспарент со порака за владата: „Ако сееш неправда, ќе жнееш револт“.

Во центарот на престолнината на Франција може да се забележи големо полициско присуство, но полицајците стојат на растојание во околните улици. Протестите се мирни.

Во меѓувреме, екстремно десничарските активисти закачиле транспарент на околните згради на кој пишува отворија транспарент на кој пишуваше „Правда за жртвите на анти-белечкиот расизам“.

Во Велика Британија, стотици екстремно десничарски активисти се собраа да демонстрираат во центарот на Лондон и покрај строгите полициски ограничувања и предупредувањата да останат дома за да се спречи ширење на коронавирусот.

Некои од активистите фрлаа шишиња и лименки врз полицајците, а полицајците на коњи ја потиснува топлата назад.

Демонстрантите, кои се чини дека се претежно белци, извикуваа „Англија“ и ја пееја националната химна.

Во меѓувреме поддржувачите на движењето „Црните животни се важни“ ги откажа протестите планирани во Лондон, велејќи дека присуството на противниците ќе ги направи протестите несигурни. И покрај откажувањето на протестите се собраа мала група на демонстранти против расизам.

XS
SM
MD
LG