Достапни линкови

Пендаровски утре за вонредна состојба, нова лидерска и за изборите


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски утре во претпладневни часови ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите, информираше претседателскиот Кабинет.

Оттаму за МИА посочуваат дека тој во утрешното обраќање ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата со коронавирусот односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредата состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.

Претседателот Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба, која требаше да помогне за реализација на мерките за справување со корона кризата, ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота на 13 јуни.

XS
SM
MD
LG