Достапни линкови

САД: “Исламската држава” ја нападна болницата во Кабул


Специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Калилзад

Соединетите држави соопштија дека припадници на милитантната организација Исламска држава, а не на Талибанците, го извршиле нападот врз една болница во Кабул оваа недела и го повторија својот повик до авганистанските власти да го прифатат мировниот процес со талибанското движење. Засега не е познато дали оценката од Вашингтон ќе биде доволна за засилување на мировните напори и за враќање на одлуката на властите во Кабул да продолжат со операциите против Талибанците, пренесува Ројтерс.

Со серијата насилства Авганистан во офанзива против милитантите

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани и нареди на војската да тргне во офанзивата против Талибанците по нападот врз болницата и самоубиствениот напад во провинцијата Нангар. Во двата напада загинаа повеќе од 30 луѓе. Специјалниот претставник на САД за Аваганистан, Залмај Калилзад рече дека Исламската држава стои зад двата напада и дека групата е против секој мировен договор со талибанците и дека сака да започне верска војна, како што е конфликтот во Ирак.

XS
SM
MD
LG